Мартин Одегард ќе стане „топџија“, Арсенал го ангажира и голманот на Брајтон – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/21 12:43 PM

Мартин Одегард ќе стане „топџија“, Арсенал го ангажира и голманот на Брајтон

Недоволната минутажа во дресот на Реал Мадрид и недовербата од страна на францускиот стратег, го натераа талентираниот Норвежанец зимава да бара друг клуб.

Мартин Одегард го избра Арсенал и како позајмен играч ќе го носи дресот на „топџиите“ до јуни. Еден од главните фактори за реализација на овој трансфер, според Фабрицио Романо бил предводникот на тимот од северен Лондон. Артета директно зборувал со фудбалерот од средината на теренот и го натерал да ги одбие понудите на Реал Сосиедад и Ајакс и да се пресели во Премиер Лигата.

Но Арсенал не мирува. Исландскиот голман Рунарсон на последното појавување помеѓу стативите не влеваше надеж и сигурност дека може достоинствено да го замени Лено, па така раководството на некогашниот англиски шампион реши алтернативата да ја бара во самата лига. Австралискиот чувар на мрежата, Мет Рајан, како позајмен играч до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Арсенал.

Рајан го загуби првотимскиот статус во Брајтон од Роб Санчез.

 

 

 

Фото:

skysports.com