Збогувајте се со токсичното размислување и уживајте повеќе во животот! – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 9:55 PM

Збогувајте се со токсичното размислување и уживајте повеќе во животот!

Понекогаш нашите мисли можат сериозно да му наштетат на нашето ментално здравје, но и на почитта која ја имаме кон самите себе. Токму поради тоа, важно е да се препознае дека одредени мисли не се добри за нас. На пример, ако некој не’ пофали не треба да кажеме дека тоа не е голема работа. Напротив, треба да го прифатиме комплиментот и да си признаеме себеси дека сме го заслужиле. Во продолжение прочитајте кои се токсичните мисли што треба да ги исфрлите од вашето секојдневие:

Размислувате за крајности

Ваквото размислување значи дека размислувате за сè или за ништо, без да постои средина. Имате чувство дека треба да бидете совршени:  или сте најуспешни во вашето деловно опкружување или се чувствувате како целосен неуспешни. Дома пак, мора да ги исполнувате сите очекувања, во спротивно почнувате да се чувствувате виновни и разочарани од себе.

Дозволете си да бидете несовршени. На пример, ако сте свесни дека луѓето околу вас танцуваат одлично, немојте веднаш да помислите: „Ужасно танцувам. Сите ќе зјапаат во мене и ќе мислат дека изгледам глупаво“. Наместо тоа, потсетете се дека сакате да танцувате и сакате едноставно да уживате. На крајот на краиштата, веројатно никој нема да ги следи точно вашите танцови потези.

Генерализирате

Понекогаш неколку негативни исходи можат да ве натераат да помислите дека сè што следи ќе биде исто толку бедно. На пример, ако не добиете понуда за работа по неколку интервјуа по ред, можеби ќе помислите: „Никогаш нема да работам“.

Наместо тоа, обидете се да се видите себеси и светот околу вас на пореален начин. Имајте на ум дека вашите вештини се вредни и дека сте сепак вредна личност и покрај овие одбивања.

Не прифаќате позитивни повратни информации

Можеби кога некој ќе ја пофали вашата работа, се чувствувате како да не го заслужувате тоа. И размислувајќи за тоа, го зајакнувате своето верување дека не сте достојни за пофалба. Научете да прифаќате позитивни повратни информации и да не се девалвирате себеси. Затоа, наместо да овековечите негативна слика за себе во вашиот ум, верувајте му на оној што ви дал комплимент и навистина обидете се да го прифатите.

Им дозволувате на вашите чувства да ги контролираат вашите одлуки

Да направите заклучоци за себе или работите околу вас врз основа на емоции е друг вид размислување што може да ве спречи да го правите она што го сакате и да ги постигнете своите цели. На пример, сакате да започнете бизнис, но се плашите дека ќе пропадне. Па можеби ќе помислите дека ако веќе сте исплашени и збунети, навистина не треба да бидете деловна личност. Сепак, тоа како се чувствувате за нешто, не е секогаш реално прикажување на ситуацијата.

Честопати се обвинувате себеси

Сите ние сакаме да имаме контрола врз она што се случува во нашите животи, па кога нешто нема да се случи како што сме очекувале, можеме да се обвиниме себеси, дури и ако не сме одговорни за тоа. На пример, ако вашето дете добие лоши оценки во училиште, можеби мислите дека сте лош родител. Прифатете дека има некои работи кои едноставно се надвор од ваша контрола и не сте одговорни ако нешто тргне наопаку.

Употребувате зборови како „морам“ и „треба“

Во некои ситуации, користењето на овие зборови значи поставување нереални цели. И ако не ги постигнете, се чувствувате лошо поради тоа, односно се доживувате себеси како неуспешни. Наместо да си наметнувате нереални очекувања на себе, дајте си избор.

 

Извор:   index.hr