Ослободете се од вишокот килограми со извршување на домашните обврски – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 9:06 PM

Ослободете се од вишокот килограми со извршување на домашните обврски

Многу луѓе се обидуваат да ги намалат килограмите, зацртувајќи си го тоа како своја новогодишна одлука. Го менуваат начинот на исхрана, одат на тренинг, но можеби не се свесни дека калориите се топат дури и со извршување на обврските низ дома.

-Луѓето месечно може да согорат околу дваесет илјади калории извршувајќи ги домашните работи – покажа истражувањето на компанијата Wren Kitchensa.

Компанијата направила истражување со илјада испитаници во врска со просечното време што го трошат на домашните обврски. Потоа пресметале колку калории се согоруваат благодарение на таквите активности. Испитаниците истакнале дека во просек на чистење на домот трошат 1120 минути месечно, што пак придонсува да се согорат 3976 калории.

На второ место како најчесто извршувана домашна обврска тие го посочиле готвењето. Истражувањето покажало дека подготвката на јадење одзема 1207 минути и со тоа се согоруваат 2856 калории. На третото место се нашло бришењето прашина со 2723 калории.

Според изјавите на испитаниците, четвртата домашна обврска на која се троши најмногу време е миењето садови и расчистувањето на масата, што придонесува да се согорат 1932 калории месечно.

Секако, согорувањето калории зависи од тежината на личноста. Доколку имате повеќе килограми ќе согорите повеќе калории и обратно. Инаку учесниците во истражувањето имале просечна тежина од 75 килограми.

 

Извор:  index.hr