Повеќе релевантни институции од музичката уметност изразија несогласување со предлог-концептот за основно образование – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 6:51 PM

Повеќе релевантни институции од музичката уметност изразија несогласување со предлог-концептот за основно образование

Oд дебатата во којашто учествуваа претставници на Здружението на музичките педагози на Македонија, Факултетот за музичката уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, Сојузот на композиторите на Македонија, Сојузот на музичките уметници на Македонија и Националната опера и балет произлегоа повеќе заеднички заклучоци.

Сите релевантни институции од областа на музичката уметност изразија загриженост и несогласување со предлог-концептот за основно образование. Истите укажаа за значењето на музичкото образование во севкупниот развој на децата и дадоа предлог-решенија коишто Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието треба да ги имаат предвид при градењето на нов концепт.   

Здружение на музички педагози на Македонија.