Најлоша година во историјата, а не е 2020: Зимата траела 365 дена – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 5:51 PM

Најлоша година во историјата, а не е 2020: Зимата траела 365 дена

Многумина 2020 година ќе ја паметат пo зло, по пандемијата, карантините, стравот и неизвесноста. Сепак, научниците велат – таа не е ни во „топ 10“ најлоши години во историјата на човештвото. А, неславното прво место на таа листа би можела да го заземе 1816, пренесува „Информер“.

Наречена уште и „година без лето“, 1816 навистина била најстрашна година откако постои метеоролошката документација. Сите 12 месеци биле зима!

Се’ почнало во март. Јануари и февруари биле просечни, но тогаш темпратурата почнала опасно да паѓа. Во април и во мај дождовите не престанувале. Во јуни и во јули, наместо сонце, паѓал снег, а мразот бил секојдневен. Така било цела година. Имало и огромни поплави, особено во Европа.

Земјоделството било на колена, а цената на храната скокнала десетпати. Мразот ги уништил сите посеви. Поради гладот, имало многу злосторства, општествени нереди и немири насекаде низ светот.

Немало објаснување за тоа што се случило таа 1816 година. Дури во 1920 американскиот научник Вилијам Хампфрис ја поставил хипотезата која и денес ја прифаќаат најголемиот број климатолози.

Имано, во април 1815 година проработил вулканот Тамбот на островот Сумбава во Холандска Источна Индија (денешна Индонезија) и во атмосферата исфрлил огромни количества вулканска пепел и неистотија. Голем дел од северната хемисфера бил покриен со облаци од прашина, а дури во јуни 1816 година станало јасно дека на то нема да се заврши. Во исто време, многу активни биле и други вулкани. На Карибите, Филипините…

Вообичаено е по масивна вулканска ерупција да падне глобаната температура зашто помалку сончеви зраци се пробиваат низ атмосферата до земјата. Но, во 1816 таков пробив изгледа не се ни случил.