Правиме анализа како лицата со попреченост да бидат вклучени во новиот пакет антикризните мерки на владата. Ова го најави Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешното отворање на нова градинка во Камењане Општина Боговиње.
Моментално како што најави министерката Шахпаска, се прават анализи кои лица со попреченост воопшто не биле опфатени со владините мерки, затоа што како што посочи и претходно имало лица со попреченост кои добивале индиректна помош.
Таа денеска присуствуваше на отворање на нова градинка во Камењане Општина Боговиње. Се пофали дека ова е деветта градинка која се отвора во државата за неполна година
Таа додаде дека состојбата со вирусот во градинките е стабилна и оти нема деца позитивни на КОВИД 19.
Зоран Димовски