Утре се навршуваат дваесет години од првиот напад пред започнувањето на воениот конфликт во 2001 година. Беше нападната полициската станица во Теарце, при што еден припадник на МВР на лице место го загуби животот, а тројца беа повредени.
По тој повод, на местото на крвавиот инцидент ќе се положи свежо цвеќе, а ќе се одржи и пригоден говор за жртвите. Од Одборот на бранители, велат дека нападот на полициската станица претставува увертира на почетокот на воените дејствија во 2001 година, а воедно тука паднаа и првите две жртви
Од Теарце ќе започнат практично чествувањата по повод 20 години од почетокот на воените дејствија во 2001 година. Целта е да се потсетиме и да им оддадеме почит на загинатите , но и да ја потсетиме државата за правата што бранителтие ги немаат добиено.
Полициската станица во Теарце беше нападната половина час полноќ на 22 јануари од регионалнипот пат кој води до Јажинце.
(З.Д.)