Божидар Маљковиќ: Џордан би бил просечен играч во Европа – ММС
ММС

Објавено на: 01/21/21 1:19 PM

Божидар Маљковиќ: Џордан би бил просечен играч во Европа

Поранешниот НБА шампион Џон Сели, откри дека Џордан би бил просечен играч во Европа по зборовите на Божидар Божа Маљковиќ.

Некогашниот крилен центар во 1996 година играше за Панатинаикос под тренеската палка на Маљковиќ. Сали во сезоната 1995/96 играше и за Чикаго Булс, освојувајќи ја титулата со скор 72-10, а следната сезона пристигна во Европа.

Џеф Перлман во својата книга „Циркусот на три прстени: Коби, Шек, Фил и лудите години на династијата на Лејкерси“, напишал дека Сали му раскажувал за српскиот тренер и неговото мислење за Мајкл Џордан.

-Сал ми рече дека првите зборови на Маљковиќ по запозновањето со него му биле дека Џордан би бил просечен играч во Европа и би давал во просек по 16 поени на натпревар. Сал веднаш забележал дека нема долго да се задржи во ПАО и си заминал после седум седмици, наведува Перлман.

По таа изјава на Маљковиќ, Џордан веднаш ја освојува четвртата НБА титула во кариерата и по четврти пат станува МВП на финалињата.

 

 

 

Извор:

b92.net

Фото:

eurohoops.net