Факултетот за драмски уметности во Белград започнува платформа „ФДУ – против насилството“, со намера активно да се занимава со превенција и спречување на секаков вид злоставување и злоупотреба во образовните процеси, особено кога станува збор за проблеми поврзани со сексуално вознемирување.
-Ги повикуваме сите студентки и студенти, доколку имаат какво било лошо искуство што укажува на насилничко однесување или сметаат дека дошло до злоупотреба на нечија позиција во образовниот процес или во просториите на ФДА, да не’ контактираат и да го пријават таквото однесување.
Се обврзуваме целосно да го почитуваме принципот на доверливост. Се обврзуваме дека ќе го/ја заштитиме секој/а студент/ка и дека ќе спроведеме мерки со кои ќе се спречи и санкционира таквото однесување – се наведува во соопштението од Факултетот.
Работната група во рамките на платформата „ФДА – против насилството“ ја сочинуваат д-р Дивна Вуксановиќ, редовен професор, Срдан Голубовиќ, редовен професор, Билјана Србjaновиќ, редовен професор, д-р Ирена Ристиќ, вонреден професор, Стефан Иванчиќ, доцент, Андреа Пјевиќ, студент продекан, Јована Јанков, член на студентски парламент и Немања Обреновиќ, член на студентски парламент. Тие објавија нова електронска адреса на кои може да се праќаат пријавите.
Фото: N1
Извор: mondo.rs