Со силен глас и самодоверба Лејди Гага денес на инаугурацијата на Џо Бајден ја отпеа химната на САД. Медиумите го оценија настапот како раскошен, модерен и страствен. Во раскошен црвен фустан и со голем брош во облик на гулаб, пред златен микрофон емотивно и силно, музичката ѕзведа ја изведе химната The Star-Spangled Banner.
https://www.youtube.com/watch?v=WcUQ0rR_C2s&feature=emb_title
Веднаш по неа настапи Џенифер Лопез. Таа се појави на сцената во бел костим и отпеа делови од This Land is Your Land и America the Beautiful.
Потоа следуваше и настапот на Герт Брукс кој побара од публиката на инаугурацијата на Џо Бајден да ја пеат со него Amazing Grace со последниот стих. Кога заврши со настапот се ракуваше со новоизбраниот американски претседател, но и со поранешниот потпретседател Мајк Пенс, по што го прегрна поранешниот претседател Барак Обама.
Музичките ѕвезди беа само дел од мноштвото познати личности кои пристигнаа во Вашингтон за да ја поздрават новата администрација на Џо Бајден.
Историјата на настапи на славните почна со третата инаугурација на Френклин Рузвелт во 1941. година. Тогаш на свеченоста настапи и Чарли Чапчин кој изведе монолог од „Големиот диктатор“ прикажувајќи го со сатира владеењето на Адолф Хитлер.