Експлозија во центарот на Мадрид, најмалку двајца загинати – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/21 5:51 PM

Експлозија во центарот на Мадрид, најмалку двајца загинати

Во Мадрид, главиот град на Шпанија, пред неколку часа одекна силна експлозија, која се слушнала во целиот град, пренесуваат агенциите.

Експлозијата урнала четири ката од зграда, недалеку од атракцијата „Пуерта де Толедо“, позната како градска врата.

На социјалните мрежи се поствени повеќе фотографии ги покажуваат последиците од оваа силна експлозија. На терен се пожарникари и други екипи на надлежните служби. Не е позната причината за експлозијата, иако има шпекулации дека се работи за плин.

Шпанските медиуми јавуваат дека има најмалку двајца загинати, како и неколкумина повредени. Се евакуираат и жителите на околните згради. Во непосредна близина имало и училиште и старски дом.