Ракометниот Шек: Симпатичниот пикер на ДР Конго искрено зборуваше за преку ноќ стекнатата популарност – ММС
ММС

Објавено на: 01/20/21 2:00 PM

Ракометниот Шек: Симпатичниот пикер на ДР Конго искрено зборуваше за преку ноќ стекнатата популарност

Фоторепортерите не оддолеваат во ниту еден момент, а луѓето по социјалните мрежи едноставно го обожаваат. Симпатичниот пикер на ДР Конго е убедливо ѕвездата број еден на Светското првенство во ракомет во Египет.

Иако корпулентен и со некој килограм повеќе, повеќе дури и за ракометот како таков, ракометарот на африканската земја Готје Мвумби одлично го прави она што најдобро го знае и ја претставува селекција во најдобро можно светло.

Официјално, Мвумби има 26 години, 110 килограми и висок 1,92 метри. Неофицијално, односно според веб-сајтот на Светското првенство – Египет 2021, тој има 89 килограми. Несекојдневниот физикус веднаш ги натера спортските фанатици на разни компарации, а онаа која „највеќе фаќа око“ и која на крајот од денот и стигна до самиот ас е онаа со поранешната НБА ѕвезда, Шекил О’Нил.

Популарниот Шек преку видео порака му се обрати на ракометарот на франуцски Дру, по што од „ИХФ“ едноставно мораа да седнат очи во очи со него и да го прашаат што мисли за рапидниот раст на неговата популарност.

-Неверојатно, Шекил О’Нил ми испрати порака. Огромно задоволство, иако се работеше за неколку реченици. Искрен да бидам, не разбирам. Одиграв еден меч на првенството – бум! Доколку зборуваат за мене, зборуваат за Конго, изјави Мвумбу.

 

За жал репрезентацијата на ДР Конго заврши како последнопласирана во групата со Данска, Аргентина и Бахреин и не успеа да се квалификува во следната фаза на Мундијалот.

 

 

 

 

Фото:

rt.com