Кој би можел да и’ одолее на атрактивната Мексиканка, особено кога позира во црно бикини, што ги нагласува нејзините облини. Педесет и четиригодишната, Селма Хаек уште еднаш успеа да ги воодушеви своите обожаватели, кои со нетрпение ја очекуваат секоја нејзина објава на Инстаграм.
Откако во целиот свет завладеа коронавирусот, се променија многу работи во животите на луѓето. Многу работи беа ставени на чекање, а тоа на своја кожа го почувствува и актерката, Селма Хаек. Сепак, самоизолацијата и карантинот оваа латино убавица одлучила да ги искористи за да поработи на себе, а со тоа се пофали на социјалните мрежи.
Селма Хаек никогаш не изгледала подобро, а тоа се забележува со секоја нејзина фотографија. Последната во низата фотографии е направена на брег каде таа седи со скрстени нозе во црно бикини, ја држи влажната коса со рацете, додека на другата, на песочна плажа, медитира.
Комплиментите од обожавателите бргу почнаа да се нижат, а за помалку од два часа над два милиони луѓе ја лајкнаа фотографијата, потврдувајќи дека познатата актерка изгледа совршено.
Извор: tportal.hr