Вељко Ражнатовиќ, синот на музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, одлучи јавно да каже што мисли за нејзината врска со девет години помладиот, Богдан Срејовиќ. Иако Цеца не сакаше да го коментира својот однос со него, Вељко изјави дека е среќен за неа.
Мама не треба да седи сама во куќата како пес, среќен сум што најде некого! Го прифатив тој човек, за мене најважно е да ја сака – изјави тој.
Вељко не крие дека му е многу тешко што пораснал без татко, но наведува дека не може да се одмаздува за неговата смрт.
Патам по татко му, но не можам да се одмаздува, бидејќи морам да мислам на семејството и на синот – додаде Вељко за Хит информер.
Што се однесува до евентуалниот брак на Цеца со Богдан, Вељко порача: „Време е мама повторно да се омажи“!
За потсетување, неодамна во јавноста проструи веста дека Цеца има нова љубов во животот. Доказ за тоа се бројните фотографии од парот изминатиот месец.
Извор: telegraf.rs