Левица утре со иницијатива до Уставниот суд во врска со Законот за спорот Влада – „Макпетрол“ – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 7:24 PM

Левица утре со иницијатива до Уставниот суд во врска со Законот за спорот Влада – „Макпетрол“

Левица утре до Уставниот суд на Република Македонија, ќе поднесе ИНИЦИЈАТИВА – ПРЕТСТАВКА за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на РМ и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба (од 28 декември 2020 година).

Иницијативата ја поднесуваме со цел да не дојде до ефективно спроведување на гореспоменатиот закон во пракса, бидејќи доколку дојде до тоа, ќе настанат тешко отстранливи и штетни финансиски последици по републичкиот буџет, како и опасни правни последици по правната сигурност на граѓаните и компаниите.

ЛЕВИЦА