Во Милано од денес забрането пушењето на јавни места, освен на дистанца од 10 метри – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 4:15 PM

Во Милано од денес забрането пушењето на јавни места, освен на дистанца од 10 метри

Од денес во италијанскиот град Милано, пушењето не е дозволено во парковите,  во зоните за кучиња, на автобуски постојки, на места каде се чека такси, на паркинзи пред стадиони и на стадиони, како и на други спортски објекти, гробишта, освен ако не сте далеку десет метри од други луѓе.

Целта е да се создаде навика да не се пуши во близина на други луѓе до 2025 година, кога пушењето на отворено каде и да било ќе биде целосно забрането, освен ако не се почитува растојание од 10 метри.

„Станува збор за постепено навикнување на  на граѓаните.Тоа ќе биде малку комплицирано, зошто од каде ќе знаете дека некој е оддалечен точно десетина метри и како може полицијата да интервенира на трибините на стадионите ако некој запали цигара“, наведуваат медиумите.

Планот за заштита на квалитетот на воздухот не се однесува само на цигарите, туку и на забраната за нови инсталации што користат дизел и биомаса за греење на згради од 2023 година.

Bо подготовка е и обврската да се држат затворени вратите на продавниците, што треба да се воведе  до 1 јануари 2022 година, како и забраната за употреба на генератори на електрична енергија со мотори со внатрешно согорување за комерцијални активности на јавни површини, за кои не се потребни системи за складирање, ладење или готвење.

Зборот дистанца во секоја форма влезе во италијанскиот речник благодарение на епидемијата на коронавирус. Оддалеченост од метар, социјално растојание и сега оддалеченост од десет метри, ако сакате да запалите цигара.

rts.rs