Можете да изгубите од тежината со гледање хорор филмови!
Седнете си удобно во фотелјата, земете го далечинскиот управувач и слабеењето може да започне!!
Причината поради која сакаме да гледаме хорор филмови е чувството на возбуда што се јавува кога ќе го процениме нивото на закана и која има моќ да нè испаничи и да нè заплаши.
Истражувачи од Универзитетот во Вестминстер откриле дека хорор филм во траење од 90 минути може да согори до 113 калории.
Тоа било исто како да сте пешачеле половина час.
Итражувачот, Д-р Ричард Мекензи изјавил дека секој од 10-те тестирани хорор филмови предизвикал забрзување на пулсот. Како што пулсот се забрзува, крвта тече побрзо низ целото тело, а телото доживува наплив на адреналин.
Токму ова ослободување на адреналин што се создава по интензивен стрес (во овој случај предизвикан од страв), го намалува апетитот, го забрзува метаболизмот и на крај, согорува повеќе калории.
Ова е листата на филмови кои согоруваат калории
1. The Shining – 184 калории
2. Jaws – 161 калории
3. The Exorcist – 158 калории
4. Alien – 152 калории
5. Saw – 133 калории
6. A Nightmare on Elm Street – 118 калории
7. Paranormal Activity – 111 калории
8. The Blair Witch Project – 107 калории
9. The Texas Chainsaw Massacre – 105 калории
10. [ Rec ] – 101 калории
Лошата вест е дека овој ефект дефинитивно нема да има смисла ако се наполниме со слатки и закуски за време на филмот.
svetplus.com