(Видео) Охригани на свој начин го фрлаа крстот, Никола Чорбевки најсреќен – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 2:49 PM

(Видео) Охригани на свој начин го фрлаа крстот, Никола Чорбевки најсреќен

Годинава во Охрид изостана фрлањето на светиот крст во Охродско езеро, како и масовното капење, но тоа не ги спречи охригани на свој начин да го одбележат празнувањето на Водици.  Имаше само црковна сцеремонија и среќниот фаќач од црковната церемонија беше е Никола Чорбевски, тој прв го извади крстот од казанот. Церемонијата се одржа во црквата „Св. Никола Геракомија“  и светата вода од казанот потоа беше истурена во езерото, по што храбрите охригани му пркосеа на студот и се капеа во езерото, пеејки црковни песни.

Охригани се среќни што и покрај забраните поради пандемијата, кои доведоа до поинакво славење, сепак, упеаја да ја испочитуваат традицијата и да се искапат во студените езерски води.

-Секоја година се капеме, па и оваа година, на малку поинаков начин. Среќата била за мене, изјави Чорбевски за медиумите.