OФИЦИЈАЛНО: Марио Манџукиќ е фудбалер на Милан – ММС
ММС

Објавено на: 01/19/21 12:02 PM

OФИЦИЈАЛНО: Марио Манџукиќ е фудбалер на Милан

Првопласираниот тим во Сериа А го официјализираше трансферот на Марио Манџукиќ. Хрватскиот интернационалец се враќа во Италија по епизодата во Јувентус и ќе го носи дресот на Милан до крајот на оваа сезона. „Росонерите“ не треба да платат никаква отштета за неговиот ангажман, а Манџукиќ по истекот на договорот би можел да продолжи со миланезите уште една сезона.

Некогашниот напаѓач на Баерн Минхен и освојувач на Лигата на Шампионите, во недела навечер слета во Милано и веќе следниот ден ги изврши медицинските прегледи во фамозното „Миланело“. Хрватот ќе се обиде да ги исполни очекувањата и да му помогне на Стефано Пиоло во желбата за освојување на Скудетото, носејќи го бројот девет на својот грб.

Во својата кариера Манџукиќ има освоено 24 трофеи.

 

 

 

Фото:

Тwitter / @SempreMilanCom

                                                                                                                                              Twitter/ @acmilan