Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром” до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин денеска во периодот од 08:00 до 16:00 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР на Република Северна Македонија, информираат од СВР Штип.
СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.