Во Србија од утре, како што најави премиерката Ана Брнабиќ, почнува масовната имунизација на населението против коронавирусот. Засега Агенцијата за лекови и медицински помагала има издадено дозволи за употреба на две вакцини во Србија – ФајзерБионтек и Спутник 5. Најавено е дека до крајот на денот на листата ќе се најде и кинеската вакцина произведена од компанијата Синофарм.
Првиот контигент со вакцини од Кина пристигна во Србија на 16. јануари. Се работи за вакцина која функционира по принцип на умртвени честички на коронавирусот. Последните истражувања покажуваат дека нејзината ефикасност е од 80 до 86 проценти. За разлика од другите вакцини против корона, кинеската е направена од самиот вирус, поточно од различни варијанти кои се земени од пациенти од кинеските болници. Оваа вакцина го „учи“ имунолошкиот систем да создава антитела против коронавирусот така што телото се изложува на мртвите делови од вирусот.
Синофарм вакцината се дава во две дози во рок од 28 дена, а испитувањата покажаа дека нема сериозни несакани ефекти и успешно го активира одговорот на имунитетот кај 99 проценти од пациентите.
Кинеската вакцина е направена од целиот вирус. Сепак, Кинезите веќе вакцинираа голем број луѓе со вакцината СиноВак која е направена како руската и како оксофрдската вакцина. Меѓутоа, поради евидентните мутации на вирусот, Кинезите ја направија и вакцината Синофарм која е од целиот вирус, а која ќе штити од мутации – објаснува вирусологот, Ана Глигиќ. Таа додава дека кога се користи вакцина што поседува „парче“ од вирусот, тогаш постои заштита само од тоа парче.
И Русите развија таква вакцина. Од самиот почеток јас сум поборник за класичните вакцини кои како прво, даваат добра заштита, а како второ, имунитетот трае доста долго. Оваа вакцина не штити само од вирусот кој напаѓа, туку и од другите соеви на корона затоа што е направена од целиот вирус – објаснува докторката.
Извор: novosti.rs


