Играчот од средината на теренот на Арсенал, Месут Озил, изминатата вечер слета во Истанбул во пресрет на медицинските прегледи пред трансферот во еден од најголемите турски клубови.
Триесет и двегодишниот германски фудбалер има уште сезона ипол до обработување со матичниот клуб, но како позајмен фудбалер ќе го напушти Арсенал и ќе го облече дресот на тимот за кого навива, Фенербахче.
Во 2013 година Озил од Реал Мадрид за 42 милиони фунти се пресели на „Емирати“ и му помогна на тимот од северен Лондон да освои три титули во ФА Купот.
За турски „NTV“ Oзил изјави дека е пресреќен за трансферот и дека дресот ќе го носи со многу гордост.
Да се потсетиме, германскиот интернационалец нема истрчано на тревникот од март минатата година.
Фото:
Twitter/ @Fenerbahce