Интересни вести доаѓаат од Италија. Еминентниот новинар на италијански „Скај“, Џанлука Ди Марцио, пренесува дека македонскиот репрезентативец Бобан Николов е пред прагот на второлигашот Лече.
Според него Николов веќе се наоѓа во „Саленто“ каде што ги извршува стандардните медицински прегледи и во текот на следните неколку часови ќе стане и официјално фудбалер на Лече. Засега е непознато за јавноста колкава сума Италијанците ќе му исплатат на матичниот Фехервар.
По одиграни 18 кола Лече се наоѓа на петтата позиција во Сериа Б со освоени 29 бодови, само четири од позицијата која директно води назад во Сериа А.
Фото:
opserver.mk