Дали е тоа само уште една „водичка“ на супер-агентот, случајно и застапник на веројатно најбараниот млад фудбалер на планетата, или „каде што има чад, има и оган“, засега не е познато.
Иако Челзи изминатото лето и повеќе од добро се засили, особено во навалната линија, се чини дека Роман Абрамович не се задоволува со постоечкото и цели кон креирање феноменален тим и напад предводен од двоецот Тимо Вернер-Ерлинг Халанд.
Според „The Athletic“ , клубот од западен Лондон е подготвен да го сруши клупскиот трансфер рок и да го доведе во своите редови Норвежанецот од Борусија Дортмунд. Со Лампард на кормилото или некој друг тренер, Челзи има интенција да „притисне“ летово и да ја порази огромната конкуренција за услугите на феноменалниот шпиц.
Сепак, финансиски поповолната откупна клаузула на Халанд нема да се активира ова лето и поради тоа „сините“ ќе мораат да им платат на Германците сума која тие ќе ја побараат и за која сметаат дека е соодветна за нивниот играч.
Фото:
goal.com