Поддржувачите на Трамп се интересираат како се добива руско државјанство, вели Захарова – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/21 8:42 PM

Поддржувачите на Трамп се интересираат како се добива руско државјанство, вели Захарова

САД спроведуваат репресивна политика спрема своите граѓани, вели портпаролката на руското Министерство за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, додавајќи дека во последно време поддржувачите на претседателот Трамп се интересираат како може да се добие руско државјанство.

– Најмногу загрижува длабочината на кризата која го погоди секој американец. Тоа е држава која има најголем воен буџет…САД воведоа незаконски санкции во праксата на западниот свет како инструмент за контрола на останатите држави, вели Захарова за ТВ „Русија 1“.

Според неа репресивната политика на САД ги засега и американските граѓани. Моментално најпопуларни коментари од поддржувачите на Трамп кои таа ги добива на социјалните мрежи, е како може да се добие руско државјанство.

-Добредојдовте во реалноста, искоментирала руската портпаролка.