Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил притворен на аеродромот во Москва, веднаш по пристигнувањето од Германија, пренесува „ЦТВ Њуз“.
Задержание Алексея pic.twitter.com/q3mq4VZgBG
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) January 17, 2021
Затворската служба соопшти дека Навални бил притворен поради повеќекратни прекршувања на условната слобода и условите на условната затворска казна и ќе биде во притвор се додека судот не донесе одлука за неговиот случај.
Вавални, најголемиот критичар на претседателот Путин, ги помина изминатите пет години во Германија, опоравувајќи се од труењето со нервниот агенс новичок. Навални за труењето ја обвини власта, но Кремљ негираше каква било вмешаност во случајот.
Иако беше најавено дека Навални ќе слета на аеродромот Внуково, тој без објаснување слета на Шереметјево, 40 километри подалеку, најверојатно да се избегнат новинарите и приврзаниците кои сакаа да го видат неговото враќање.
Внуково им забрани на новинарите да влезат внатре во терминалот, велејќи дека потегот се должи на епидемиолошките мерки. Аеродромот исто така го блокираше пристапот до терминалот за меѓународни слетувања.
Групата ОВД-Инфо соопшти дека најмалку 37 приврзаници на Навални денеска биле приведени на аеродромот Внуково.
Руските затворски служби минатата недела издадоа налог за негово апсење, бидејќи ги прекршил условите за условната казна што ја доби за проневера во 2014 година. Од таму побараа од судот условната казна од 3 ипол години, да биде преиначена во затворска.
Навални пред полетувањето од Берлин, за најавеното апсење рече дека е невозможно бидејќи тој е невин човек.