Среќен сум и се ќе биде добро – По труењето Навални се враќа во Русија – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/21 4:35 PM

Среќен сум и се ќе биде добро – По труењето Навални се враќа во Русија

Рускиот опозиционер и блогер Алексеј Навални денеска ја напушти Германија за да се врати во родната Русија, каде што му се заканува затвор.

Од Москва му порачале дека доколку не се врати до 30 декември, ќе биде уапсен бидејќи не ја одслужил затворската казна до крај и не се пријавил навреме.  Како што пишува „Би-Би-Си“ голем број полицајци биле испратени на аеродромот во Москва.

ПР-секретарката на Навални, Кира Јармиш на својот твитер профил сподели слики од полициски автомобили пред аеродромот.

Навални се опоравуваше од наводното труење со нервниот агенс новичок, за кое тој ја обвини Русија, но Кремљ демантираше каква било поврзаност со труењето.

Пред да влезе во авионот во Берлин, Навални изјавил дека се чувствува „многу среќно“ и оти е сигурен дека се ќе биде добро.