Пареза на лицето добиле 13 Израелци откако примиле вакцина на Фајзер – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/21 3:36 PM

Пареза на лицето добиле 13 Израелци откако примиле вакцина на Фајзер

Како што објави изреалскиот весник „Једиот Ахронот“, најмалку 13 Израелци претрпеле парализа на фацијалниот нерв, откако ја примиле првата доза на вакцина против коронавирусот Pfizer / BioNTech. Оваа бројка е од над два милиони вакцинирани Изреалци.
„Според Министерството за здравство, најмалку 13 лица имаат развиено симптоми на пареза, но лекарите во здравствениот систем веруваат дека бројот на вакви случаи е поголем во пракса“, пишува весникот.
Еден од вакцинираните објаснил дека неколку минути по вакцинирањето почувствувал чудно трпнење на брадата и устата.
“Тоа траеше најмалку 28 часа. Не можам да кажам дека ова исчезна целосно, но освен тоа, немам други болки”, рече човекот.
Израелското Министерство за здравство препорача оние кои развиле симптоми на пареза по примањето на првата доза, да ја одложат втората вакцинација додека не заздрават.
„Овие случаи не предизвикуваат голема загриженост“, сметаат здравствените власти.
Сепак, лекарите се сомневаат во соодветноста на употребата на втората доза во такви случаи.
Масовната вакцинација против ковид-19 во Израел започна на 20 декември, а втората доза на вакцинирани започна да се прима на 10 јануари. Во првата фаза, беа опфатени здравствените работници, студентите по медицина, вработените во домовите за стари лица и владините службеници како своевидне пример за сите други.
Во втората фаза вакцинацијата опфаќа лица над 60 години и оние кои се изложени на ризик. Повеќе од два милиони луѓе веќе ја примиле првата доза на вакцина, а втората – над 200 илјади луѓе.

BgNews