Државниот пазарен инспекторат времено затвори угостителски објект во тетовско Горно Седларце откако синоќа во 21.30 часот во него биле затекнати 29 гости по дозволеното работно време, а полицијата го привела сопственикот, 41- годишниот Б.И. од ова село.
-Сопственикот на угостителскиот објект бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, соопшти Министерството за внатрешни работи.