Најдобрата ментална вежба на светот: Малкумина знаат за неа, а толку е едноставна – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/21 10:44 PM

Најдобрата ментална вежба на светот: Малкумина знаат за неа, а толку е едноставна

„Пауза за свесност“ е името на кратката ментална вежба, која според психологот Рајан Немиец може да не’ направи подобри личности. Неа ја сочинуваат два чекора, а потребни ви се само 10-15 секунди.

„Живеј во моментот “, „Момент по момент“, „Само диши“, „Биди сега и овде“, „Соочи се со своите проблеми„- Кој се’ уште нема слушнато за ваквиот концепт на самопомош? Значи што да се направи кога ќе дојде стресен момент, кога треба да го дадеме најдоброто од себе, да се потрудиме да постигнеме најдобри резултати, или само да се смириме, да се спушти топката, да се опуштиме… Сетете се на која било ситуација – од метеж во сообраќајот до важен деловен состанок.

Психологот Рајан Немиц ја нарекува оваа вежба „пауза на свесноста“, а составена е од два чекора:

1.Застанете и насочете се на своите вдишувања и издишувања околу 10-15 секунди.

2. Завршете со прашањето: Кои се моите најдобри квалитети сега?

Луѓето ги сакаат кратките вежби на свесност и за нив секој би можел да извдои 10-15 секунди дневно. Паузата за свесност ве воведува во моментот и во дава обврска да го дадете најдоброто од себе без оглед на тоа што моментално работите. Оваа вежба ве подготвува да бидете најдобрата веризија од себе, да бидете подготвени за тешки моменти, да го издржите стресот и да ги покажете своите најдобри особини. Понатаму Ниемец на Psyhology Today пишува дека оваа вежба навистина делува и докажано има ефект. Оваа вежба го предизвикува најдоброто во вас и ве тера да се фокусирате на нешто позитивно.

Ваквата вежба ќе ви даде до знаење кои се вашите најдобри особини и ќе ви даде сила која веднаш ќе можете да ја искористите рационално.

 

Извор: stil.kurir