Денес во 18 часот во рамките на светското првенство во ракомет кое се одржува во Египет, македонската репрезентација во второто коло во рамките на Г групата, доживеа пораз од репрезентацијата на Египет со резултат 38:19. Македонската репрезентација со подмладен состав загуби со 19 гола разлика.
Првиот пораз го доживеа со екипата на Шведска 30:20, а следниот натпревар се игра со репрезентацијата на Чиле. Овој натпревар ќе се игра на 18 јануари со почеток од 15:30 часот.
фото: ekipa.mk