За два одделни случаи на измама со огревно дрво информира денеска полицијата.
Во првиот случај се работи за осумдесет и тригодишен велешанец кој во полицијата пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 денари. Според пријавеното, лицето дошло кај него и му понудило огревни дрва за продажба, по што тој му ги дал парите.
Како што е пријавено, лицето му кажало да почека половина час, но откако не се вратило, пријавителот сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопштија од МВР.
Во вториот случај пак, 81-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13.500 денари. Според пријавеното, на 12.01.2021 лицето дошло во неговиот двор во населба Морани и му понудило огревни дрва на продажба, кои биле на главниот пат во товарно возило. Исто така, според пријавата, тој му ги дал парите на лицето и тоа заминало. Откако лицето не ги донело дрвата, пријавителот сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од полицијата.