Бесплатен ски-викенд во битолскиот скијачки центар „Нижо Поле” – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/21 9:03 AM

Бесплатен ски-викенд во битолскиот скијачки центар „Нижо Поле”

Јавното претпријатие „Стрежево” – Битола, кое стопанисува со скијачкиот центар „Нижо Поле” денес и утре за скијачите овозможи бесплатен скијачки викенд.

Скијачките патеки во скијачкиот центар „Нижо Поле” (1.600 м.н.в.) се подготвени за скијање, а на располагање се и три ски лифтови со вкупна должина од 2.150 метри и капацитет од 3.000 скијачи на час.

– Снег има доволно и скијачките патеки се подготвени за скијање, но нашата прва задача во пресрет на бесплатниот скијачки викенд беше да ги извршиме, и ги извршивме сите подготовки за безбедно скијање и престој на скијачите и рекреативците со почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Викендов имаме посебна редарска служба, ќе предупредуваме за задолжително носење на маски и одржување на дистанца, истакна Методија Граматковски, генереален директор на ЈП „Стрежево” – Битола.

Скијачкиот центар „Нижо Поле” кој се наоѓа над истоименото населено место на планината Баба ќе овозможи и ноќно скијање доколку тоа го дозволат временските услови, најавија од ЈП „Стрежево”.

МИА