Хобит куќичките со снежната покривка во источната област Сивас ги фасцинираат посетителите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Куќичките се изградени од локалната општина со инспирација од филмовите „Господар на прстените“.
Хобит куќичките на падините на планините станаа омилено место за фотографирање и омилено место на оние кои сакаат да направат пауза од динамиката на градот.
![]()
Посетителите уживаат во убавиот поглед од Хобит куќите како и рекреативната област Пашабахче покриени со снег, шест километри од централната турска област Сивас.


