Себастијан Халер во вториот меч за новиот клуб Ајакс го отвори резултатот во седмата минута од мечот, но домаќинот Твенте во 84-тата минута изедначи преку Плегуезуело и го внесе натпреварот во неизвесна завршница.
Кога се чинеше дека Ајакс ќе испушти бодови од дуелот во кој доминираше и создаваше шанси во текот на сите 90 минути, тогаш се појави триесет и седумгодишниот напаѓач. Иконата на Ајакс, веќе ветеранот Клас Јан Хунтелар, влезе во игра во 89-тата минута и по првиот допир со топката го врати водството на клубот од Амстердам и предноста од три бода на врвот на табелата во однос на второпласираниот Феенорд.
Некогашниот играч на Шалке и Реал Мадрид, одлично се снајде во петерецот по асистенцијата на Халер и ја промени бројката на семафорот за гостинската екипа. Но Хунтелар не застана тука. Една минута подоцна Холанѓанецот го оконча резултатот со втор гол и ја осигура важната победа на Ајакс.
Да зборуваме за инстант-импакт на фудбалер во поодминати години…
Фото:
besthqwallpapers.com