Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вели дека во денешниот разговор со извршниот директор на компанијата Фајзер, Алберт Борула добила уверување дека сите нарачани дози вакцина за првиот квартал ќе бидат испорачани навремено, макар што во моментот има застој поради надградување на производствениот погон на Фајзер за Европа.
-Ме увери дека лично ќе се занимава со овој случај за да може што побргу да се надомести застојот во производството што постои во овој момент. Му ја пренесов важната порака дека нам за првиот квартал итно ни се потребни нарачаните дози – вели Лајен.
Претседателката на Европската комисија која заедно со комесарите е во работна посета на Португалија наведува дека првите вакцини на Фајзер веќе им се дадени на граѓаните ширум ЕУ, а ревакцинацијата мора да се спроведе по четири недели.
-Постои и медицинска потреба да се продржуваме на она што е договорено кога станува збор за испораката – додава таа.
Претходно во текот на денот компанијата ја известила ЕУ дека поради модификација во погонот во европското седиште на компанијата нема да може целосно да го исполни веќе ветениот обем на испорака во следните три до четири недели.
Извор: rtv.rs