Утре во Србија пристигнува и кинеската вакцина против ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/21 4:48 PM

Утре во Србија пристигнува и кинеската вакцина против ковид-19

Контингент кинески вакцини треба да пристигне во Србија утре, а постапката за утврдување дали таа вакцина ги исполнува стандардите на европските земји веќе почна во Агенцијата за лекови и медицински помагала. Очекуваме, доколку вакцината ги помине сите прагови до последната дозвола, да започнеме со вакцинирање на граѓаните кои изразија желба да се вакцинираат со оваа вакцина во недела или понеделник  – соопшти денеска Зоран Гојковиќ од Министерството за здравство на Србија.

Тој за ова информираше на денешната прес конференција на Кризниот штаб, на која се обрати и  епидемиологот Предраг Кон. Според него, епидемиолошката состојба во Србија е сè уште неповолна и неизвесна.

„Бројот на пациенти е сè уште голем и можно е тој да се зголеми во секој момент ако се опуштиме и престанеме да ги спроведуваме мерките што се на сила, рече тој.

Тој изјави дека мерките што биле на сила, исто така, покажуваат дека тие работат и дека бројот на пациенти полека се намалува. Според него, не е реално да се релаксираат мерките што се на сила, особено со оглед на почетокот на учебната година и појавата на новиот сој на коронавирусот во Европа.

Покрај најавите за пристигнувањето контингент кинески вакцини во Србија, на денешната прес конференција беше истакнато дека вакцината на Фајзер добила трајна дозвола, но прво за неа имало привремена дозвола. Руската пак, во моментот е со привремена и во тек е постапката за добивње трајна, а истиот пат би требало да го помине и кинеската вакцина.

Зборувајќи за можноста на избор меѓу вакцините, Гојковиќ истакна дека секоја регистрирана вакцина е безбедна.

„Нашата одлука беше на граѓаните да им понудиме што е можно поголем избор, прво од здравствен аспект, бидејќи кога влеговме во приказната за купување вакцини, не знаевме која ќе биде прва на пазарот. Постојано потенциравме и се’ уште потенцираме дека секоја вакцина што е регистрирана според соодветните процедури, е безбедна. Можевме да дојдеме до тоа вакцината на Фајзер и руската вакцина да покажат слабости па да останеме без вакцини, или да ги нема доволно“, додаде тој.

Кон објасни дека вакцината не може да ја спречи болеста доколку вакцинираното лице веќе е  инфицирано. Според него, најдобра е вакцината што и самиот ја примил, а тоа е вакцината на Фајзер.  Сепак објасни дека би ги примил и руската и кнеската вакцина да ги имало во тој период.

Симнувањто на маските ќе дојде предвид само кога ќе знаеме дека со сиурост имаме колективен имунитет и кога бојките нема да бидат двоцифрени – додаде епидемиологот.

 

Извор: insajder.net