Актуелнава ситуација со пандемијава ги затвори вратите на културните институции, а нивните вработени се трудат да ги адаптираат нивните работни активности на „новото – ново”.
Штипски театар најави втора премиера на претставата „Пасивно пушење”.
Првата се случи зад затворени врати на крајот од декември, а утре (16.01.2021 – сабота) конечно ќе може да ја погледне барем дел од штипската публика.
Со почитување на сите здравствени протоколи во 15.00 часот на сцената во театарот истата ќе можат да ја погледнат само 35 посетители.
Со оглед на тоа што посетеноста е ограничена, најавени се повеќе репризи, а термините ќе бидат утврдени со согласност на мерките кои ќе бидат на сила во тој момент.
„Пасивно пушење” ја режираше Ненад Витанов.
Низ хуморот и сатирата на сцена ќе не води актерскиот тим кој го сочинува: Марија Минчева Андонов, Христина Атанасова Арсова, Владимир Тулиев, Пеце Ристевски и Миле Вратеовски.
А.П.