Новоизбрнаите членови на Државната изборна комисија денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Новиот претседател Александар Даштевски во името на комисијата изјави дека ова е вториот чекор, по едногласната одлука донесена пред неколку денови, и истакна дека е важен чин за добра организација на изборниот процес.
„Помина уште еден чин од законот за да се комплетира составот, по одлуката која беше едногласно донесена пред неколку дена, сега ова е втор чекор. Се договоривме со колегите во понеделник да заминеме во просториите на ДИК и таму ќе се договориме за нашите следни чекори, не би можел да кажам сега бидејќи прво треба да видиме кои се тековните работи кои се одвиваат. Се заврши еден чин, мислам навреме се завршува бидејќи тоа е важно за добро организирање на изборниот процес и не треба да има луфта помеѓу две комисии, така што и тоа е завршено“, изјави Даштевски.
На новинарско прашање „дали е ова затоа што му помогнавте на Груевски да добие азил, и дали ова е ветување од Груевски за вас?“ мислејќи на неговата позиција претседател на ДИК, Даштевски одговори кратко „Не“, на дополнителното прашање „Дали сигурен сте?“, тој одговори „100%“.
Прашан дали како член на повеќе политички партии, му е јасна целта како претседател на ДИК, Даштевски рече дека изборот е по предлог од партија до моментот на избирање, потоа самиот закон вели дека треба да се работи стручно и професионално, каде тука завршува партиската помош.
„И може да се каже дека јас сум најнепартиски од сите бидејќи јас ниту сум член на одредено тело на партија, сум имал одредени активности, тоа само до изборот“, додаде Даштевски.
Колку пописот би помогнал најавениот попис во кредибилноста на изборите, новиот претседател на ДИК рече дека пописот е друга операција, која се врши на друг начин, статистичка, останува да се заврши целата постапка околу тоа па ќе видиме.
Г.Д
Фотографија: Screenshot