Укината забраната за товарни возила на патот Маврово-Дебар – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/21 8:50 AM

Укината забраната за товарни возила на патот Маврово-Дебар

Од 08:15 часот утринава укината е забраната за движење на тешки товарни возила и на патот Маврово-Дебар во двата правца, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат”.

Поради снежни врнежи, на овој патен правец од вчера попладне беше воведена забрана за тешки товарни возила.

Од утринава е нормализиран и сообраќајот на патните правци Велес-Прилеп и Стража-Кичево.

МИА