Климатските промени ја намалуваат разновидноста на дневната исхрана на децата – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/21 12:00 AM

Климатските промени ја намалуваат разновидноста на дневната исхрана на децата

Научниците открија дека зголемувањето на температурите предизвикани од климатските промени е важен фактор во појавувањето на неисхранетост кај децата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на интернет страницата „Phys.org“, истражувачите од Универзитетот на Вермонт во САД ја испитуваа дневната исхрана на 107.000 деца од 19 земји во Азија, Африка и Јужна Америка.

Резултатите на ова истражување се објавени во списанието „Environmental Research Letters“.

Истражувачите открија дека зголемувањето на просечната температура и врнежи предизвикани од климатските промени ја намалуваат разновидноста на исхраната на децата.

Според наодите на ова истражување, децата под 5-годишна возраст во земјите кои се најмногу погодени од климатските промени дневно консумираат 3,2 од вкупните 10 производи кои се состојат од месо, млеко, риба, мешунки, житарици и зеленило.

Секое трето дете под 5-годишна возраст во овие земји за кои станува збор, не може да консумираат микронутриенти како железо, цинк, фолна киселина и витамините А и Д кои имаат критична важност за развојот кај децата.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), во 2019 година 144 милиони деца под 5-годишна возраст во светот се соочиле со нарушување во развојот предизвикано од неисхранетост, додека 47 милиони деца се соочиле со екстремна слабост поради хронична неисхранетост.