Чисти и проодни се вечерва главните сообраќајници во Скопје, иако веќе падна првиот снег. Во билтенот на полицијата засега не се нотира сообраќајна незгода иако инцидентите од ваков тип често се случуваат при снежно време во главниот град. Сепак, од полицијата не изостанува потсетувањето дека возачите треба да задолжително да користат зимска опрема при вакви услови.

Инаку, претходно веќе градските власти превентивно фрлија сол на улиците, што спречи формирање снежни наноси.


