Повредените во Градска болница се пукале во село Љубош, потврди МВР – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/21 3:29 PM

Повредените во Градска болница се пукале во село Љубош, потврди МВР

Министерството за внатрешни работи информира за денешниот настан пред Градска болница, за кој всушност вооружениот инцидент се случил пред деловен објект во с. Љубош каде помеѓу две лица од една страна, и други две лица од друга страна било употребено огнено оружје, при што две лица се здобиле со повреди и биле пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

„Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР за инцидентот.