Србите повеќе ја преферираат руската од фајзеровата вакцина, премиерката се вакцинираше со фајзеровата – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/21 1:07 PM

Србите повеќе ја преферираат руската од фајзеровата вакцина, премиерката се вакцинираше со фајзеровата

Од граѓаните во Србија што доброволно се пријавуваа за вакцинација против коронавирусот, повеќето ја одбрале руската вакцина „Спутник 5“, дознава „Блиц“.

„Разликата не е голема, но руската вакцина е нешто побарана од фајзеровата“, вели соговорникот на „Блиц“.

 Претседателката, пак, на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, денес во Белград ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19 од произведувачот „Фазер“/„БајоНтек“, јавува Анадолија (АА).

„Верувам во вакцината. Ги повикувам граѓаните да го направат истото бидејќи со заеднички сили можеме да го победиме Ковид-19“, наведе Брнабиќ на Инстаграм со фотографии од ревакцинацијата на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ во главниот град на Србија.

Премиерката, министерката за труд, вработување и социјални работи, Дарија Кисиќ Тепавшевиќ и епидемиологот Предраг Кон ја примија првата доза на вакцината на 24 декември минатата година, со што го означија почетокот на вакцинацијата во Србија.