Поради со децении безапамтената снежна бура во Шпанија, на секој час по 50 луѓе завршуваат во мадридските болници поради скршеници или нагмечување .Во последните 36 часа 2.000 жители се примени во службите за итни случаи во болниците во Мадрид, објавија од градската здравствена служба.
Шпанскиот главен гард е погоден од снежна бура Филомена, која ја парализираше делови на Шпанија, која не е навикната на толку многу врнежи од снег, но снегот и израдува многу луѓе, особено децата.
Снегот што паѓаше 33 часа нeпрекинато во Мадрид, откако времето се смири замрзна, а чистењето на градските улици се одвива бавно поради недоволниот број машини и лопати (фото ЕПА).