Во рамките на 19-то коло на Евролигата, ЦСКА Москва го угости Жалгирис. Домаќинот ја оправда улогата на фаворит и славеше сo 83:73. Eкипата од главниот град на Русија е прва на табелата.
Најефикасниот играч во редовите на победничкиот тим беше Мајк Џејмс. Американецот едноставно беше непремостлива пречка за одбраната на противничките тимови. Го заврши дуелот со 21 поен, три скокови и пет асистенции.
Репрезентативецот на Србија, Никола Милутинов, повторно одигра добар меч. Центарот постигна 10 поени и додаде 14 скокови.
Кај гостите се истакна Мариус Григонис со 16 поени и една асистенција, а го следеше Томас Волкап со 14 поени и пет успешни додавања.
Извор:
hotsport.rs.
Фото:
eurohoops.net