Стоттина полицајци и припадници на Единицата за брзо распоредување упаднаа на традиционалниот василичарски карневал во Вевчани за да го растурат собирот.
Пандемијата на коронавирусот и непогодните околности налагаа откажување од организацијата на настанот стар повеќе од 1.460 години, но сепак вевчанци во помал број од вообичаено решија да ја задржат долговечната традиција и со маски излегоа на улиците.
Според портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски, интервенцијата на полицијата била поради непочитување на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот, односно забраната за групирање на повеќе од четири лица.
– И покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација, да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата, изјави Димоски.
На видео материјалите и фотографиите кои пристигнуваат од социјалните мрежи, се гледа големо присуство на полиција низ улиците на Вевчани и негодувања и незадоволство на жителите.
Специјалци против голорук народ во Вевчани. 👏👏👏
Кога луѓето се плашат од владата, тоа е диктатура. Кога владата се плаши од народот, станува збор за слобода. – Томас Џеферсон – третио претседател и уставотворецот на САД. pic.twitter.com/l9NsjfGUtO
— Reagan (@us_reagan) January 13, 2021
Фото:
Тwitter / @_Mitkov_
Тwitter / @Vasko44271763