Славниот Чак Норис мораше да официјално негира гласините дека тој бил присутен во нападот на Капитол Хил минатата недела, по објавувањето на фотографијата на човек кој, е многу сличен по лик со Норис.
Холивудската ѕвезда се објаснуваше на Твитер, појаснувајќи: „Неодамна дознав дека во немирите во Капитол бил некој како Чак Норис. Не бев јас, не бев таму. Ниту еден вид насилство не се вклопува во нашето општество. Јас сум и секогаш ќе бидам на страната на редот и законот “, напиша Норис.
„Тој останува во Тексас со своето семејство“, рече публицистот Ерик Крицер, кој призна дека има сличности меѓу двајцата, но, побрза да посочи дека „Чак е многу поубав“.
80-годишниот актер во минатото отворено зборуваше за своите политички ставови. Тој е член на Републиканската партија и во 2016 година го поддржуваше Доналд Трамп во неговата предизборна кампања. На изборите во 2020 година, сепак, неговата поддршка за Трамп, изостана.