Јутјуб за најмалку една недела го суспендира каналот на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пренесува Анадолија (АА).
Според соопштението на портпаролот на Јутјуб, каналот на Трамп е блокиран под образложение дека упатува апел за насилство, чии поддржувачи минатата недели упаднаа во Конгресот.
Се наведува дека избришана е последната видеоснимка објавена на овој канал која повикува на насилство, и дека најмалку седум дена на каналот не ќе можат да се прикачуваат видеоснимки.
По суспендирањето на неопределено време на профилите на Трамп од страна на Фејсбук и Инстаграм, и Твитер направи сличен чекор, трајно го суспендира профилот на Трамп под изговор дека поттикнува насилство.