Џакузи на кров за интимно сончање – Пејачката Бети ги отвори вратите од раскошната куќа во скопски Илинден – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/21 7:30 PM

Џакузи на кров за интимно сончање – Пејачката Бети ги отвори вратите од раскошната куќа во скопски Илинден

Пејачката Елизабета Недановска Јосифовска преку Австралија и Америка, решија со сопругот животот да го продолжат во Скопје. Во новата населба Јака, во скопската општина Илинден направија кужа во медитерански стил, која секој што ќе помине ја загледува, бидејки отстапува од сите норми на куќи какви што се прават кај нас. Бети и Влатко уживаат во својот рај, во кој, како што велат едвај чекаат да запролети, па да можат да ја средат до крај и комплетно да уживаат.

Засега е направен само внатрешниот дел, и за прв пат новигодишните и божиќните празници ги поминаа тука, а кога ќе се стопли времето ќе го досредат дворот, кој ќе биде со базен, двор во кој ќе го имаш чувството како да си на море. Бети за ММС ја отвори вратата од новиот дом на кој му се воодушевуваат сите минувачи и ни раскажа за нејзината идеја, да го донесе медитеранот во населбата Илинден.

-Ја правевме три месеци и веќе три месеци живееме во неа. Сакавме да се тргнеме од центарот на градот, од загадувањето. Почист е воздухот, понастрана е, заради приватност што во центар воопшто го нема. Јас се плашам од загадувањето, со години живеев во Мелбурн, кој со години  беше прогласуван за светски најчист град. А како мала во Охрид, исто така со убав воздух.

Се вселивме на празникот Мала Богородица, ги запазивме адетите, да биде тоа во среда, со среќа, како што прават сите кога за прв пат влегуваат во нов дом.  Затоа и сакаме, бидејќи Богородица ја сметаме за наша заштитничка, вели Бети и додава:

– Куќата е во медитерански стил со големи тераси. А идејата е моја и од сопругот. Идејата да направиме куќа дојде од желбата на двајцата да имаме простор во кој што ќе уживаме. Зимата не спречи да ја завршиме во целост, па затоа на пролет ќе го уредиме дворот во кој ќе има базен со палми, скара, фурна и простор за релаксирање.

Со Владо имаме исти вкусови, се што реков како идеја се сложивме. Закав ваква куќа, ме потсетува на вода, на море, да живееш  во Скопје а да се чувствуваш како на вода. Да биде поинаку. Јас израснав во Охрид, значи покрај вода, потоа се прселив во Мелбурн, пак на вода и не можам ѓивотот поинаку да го замислам, вели Бети.

Куќата е на три ката, а како што велат тие, со големи три тераси а на кровот ќе биде направено џакузи. Внатре, пак, ентериерот е во бела и црна комбинација.

-Спалната нема симболика, одсекогаш сум замислувала вака да живеам и сега со Владо си го исполнивме сонот. Има големи тераси, една на кровот, една на кат и една покрај базенот. Сакам надвор да живеам, затоа не сакам стан, сакам простор да се диши.  За три месеци ја направивме и ни остана надворешниот дел. Има медитерански украси, базен, убав парк и џакузи на кровот, кој треба да да ни биде интимно катче за сончање. Полека полека ќе се среди. Само здрави и живи да сме. Едвај чекам да се запролети па да почнеме. Додека се гради многу убаво се чувствуваме, уживаме во тоа, вели таа.

Старите велат дека куќа никогаш не се завршува комплет, намерно оставаат барем еден агол, за да домаќините велат- Да бидеме ѓиви и здрави да ја довршиме, а аголот намерно се остава недовршен. Ќе се направат сите работи потребни за да можат двајцата да уживаат во љубовта.

-Со Владо сме три години заедно. Од Македонија тој заминува Америка, јас во Австралија, но ете патиштата ни се вкрстуваат назад во татковината.  Америка и Австралија ќе ни останат земји само за шетање,а можеби и некогаш кога ќе сакаме зимата ја избегнеме, па ќе одиме на Флорида, ама животот ќе ни биде тука. Со Владо многу сме романтични и уживаме во нашата втора младост. Секој си избравме свое  омилено катче. Мој омилен дел ќе ми биде покрај базенот и на кровната тераса каде што ќе уживаме во сонцето, откри Елизабета.